Данските студенти добиле задача да направат видео како реклама за подигнување на свеста за злоупотребата на децата. Резултатот од тоа е едно анимирано видео. Зад идејата стои невладина организација за борба против насилството кај децата и сопружниците „Bryd Tavsheden“.
Рекламата е повеќе од едноставна и ја следи приказната на едно момче кое е погодено од кавгите, насилството и малтретирањето во семејството, но сепак става среќна маска додека оди низ денот. Во моментот кога на крајот од денот ја симнува маската ја дознаваме вистината за неговите чувства. Факт е дека не знаеме кој каква маска носи во текот на денот и што сè се крие зад неа.
Организацијата постои од 2002 година, а нивната цел е да им се помогне на децата и младите жртви на психичко и физичко насилство во врските или семејството. Тие одржуваат семинари во училиштата и на универзитетите.
Рекламата погледнете ја во продолжение.