X
 26.02.2017 Живот

Што родителите треба да знаат пред да му купат телефон на своето дете?

Телефонот не е баш најдобрата работа за вашето дете, но не можете да одите против модерното време во кое го растете. Ова се неколку правила кои ќе ви помогнат доколку сте донеле одлука вашето дете да добие мобилен телефон.

1.    Купете му обичен телефон

Иако звучи смешно, сепак обидете се да му купите обичен телефон, кој нема многу опции. Ако се жали, објаснете му дека тоа е телефон и тоа е неговата намена, а не е играчка.

2.    Поставете ограничувања

Поголемиот број на телефони овозможуваат ограничување на бројот на пораки како и бројот на минути за разговор. Можете да го блокирате и пристапот до интернет и повиците од недозволени броеви.

3.    Поставете уште ограничувања

Одредете време кога мобилниот телефон мора да биде исклучен, инсистирајте да не се користи при возење, ако вашето дете е тинејџер и е возач. Некои семејства не дозволуваат мобилните телефони на децата да бидат во нивните соби за да не се случува допишување со пораки до доцна во ноќта. Инсистирајте детето да одговара на повиците и пораките веднаш и научете го да не одговара на повици и пораки од луѓе што не ги познава.

4.    Почитувајте ги и вие ограничувањата

Однесувајте се во согласност со она што го зборувате. Ако не сакате детето да го користи телефонот за време на оброкот, тогаш не правете го тоа и вие. Вие сте му пример број еден.

5.    Предупредете го за зрачењето

Не дозволувајте детето да спие со телефонот под перница. Објаснете му дека зрачењето е штетно и научете го да не го користи мобилниот телефон често.

6.    Учете го на бонтон за користење на телефонот

Објаснете му дека не требда го користи за ширење на гласини, да не зема или испраќа туѓи фотографии без дозвола, да не врши лични повици на јавни места и никогаш да не комуницира со странци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот