X
 18.05.2017 Наука

Децата единци имаат поразлична структура на мозокот

Научниците откриле дека кога родителите имаат само едно дете, тоа доведува не само до разлики во однесувањето од децата кои имаат брат или сестра, туку и до разлики во развојот на мозокот кај детето.

Во нова студија споредени се скенирања од мозокот на деца-единци и на оние кои растеле со брат или сестра. Забележани се големи разлики во однос на сивата маса, а истражувачите велат дека ова е прв невролошки доказ за ваквото тврдење. Испитувани биле 303 студенти од колеџи во Кина. Истражувањето се спровело во кина, бидејќи токму во таа земја се води политика за имање едно дете заради огромната популација.

Класичните стереотипи за децата единци се дека тие имаат поиндивидуално однесување и особини, па затоа се и посебични, односно помалку сакаат да делат со останатите. На учесниците во тестовите им биле испитувани когнитивни тестови за да се измери нивната интелигенција, креативност и карактер.

Резултатите не покажале разлики во интелигенцијата, но откриле дека децата единци имаат поголема флексибилност во начинот на размислување, што е според многумина основа за креативноста. Освен тоа, децата единци, покажале и степен на помала согласност.

Што се однесува до разликите во сивата материја во мозокот, кај децата единци е поголема, а таа се поврзува со перцепцијата на јазици и процесирањето во мозокот. Но, во другите делови од мозокот, пак, кај децата единци е забележана помала големина, како што се деловите поврзани со емоционална регулација, социјално однесување.

Научниците немаат прецизен одговор зошто кај децата единци се случуваат овие разлики, но се претпоставува дека тоа се должи на фактот што нивните родители поттикнуваат поголема креативност кај нив, бидејќи им посветуваат многу повеќе време, отколку родителите на повеќе деца, а со тоа и имаат поголеми очекувања.

Иако уште не се разјаснети сите детали во врска со оваа тема и истражување, сепак е јасно дека постои поврзаност помеѓу семејното опкружување и начинот на кој се развива човечкиот мозок.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука