Образованието што сме го добиле како деца и како возрасни ни помогнало да станеме тоа што сме денес. Но, тоа не било без недостатоци. За среќа, не моравме да одиме на училиште за време на пандемија, но многу работи што ги учевме на училиште се покажаа како бескорисни подоцна. Некои од нив многумина не можат да ги заборават.
На секое прашање има еден емпириски точен одговор
На училиште учевме дека е важно да го знаеме „точниот“ одговор на секое прашање. Без разлика дали учевме напамет равенки или историски факти, за да добиевме добра оценка требаше да ги знаеме прецизните одговори на прашањата што се дадени во книгите.
Сега знаеме дека светот не е црно-бел, туку има многу нијанси. Многу е потешко да се постави вистинското прашање отколку да се најде точниот одговор. Освен тоа, со тоа што мислиме дека го имаме „точниот“ одговор на одредено прашање се ограничуваме во мислењето.
Фото: Pixabay
Наместо да мислиме дека го знаеме одговорот, можеби треба да размислиме дали се фокусираме на вистинското прашање и дали ги имаме сите информации за да донесеме заклучок. Ова нè спречува и да ги преиспитаме нашите претходни заклучоци.
Целта на знаењето е да се подготвиме за кариера
Како мали од нас се барало да размислуваме „што ќе бидеме кога ќе пораснеме“. Целта на одењето на училиште и училишниот успех е запишување на факултет, а целта на
студирањето е да се добие работа.
Многумина не учат математика затоа што е фасцинантен предмет кој ги дава когнитивните алатки потребни за разбирање на функционирањето на светот, туку затоа што им било кажано дека учениците со подобри оценки по математика имаат повеќе шанси да се запишат на добар факултет. Во многу случаи децата учат за да задоволат некого, наместо да мислат дека така се надградуваат себеси.
Клучот за успехот лежи во постојаната активност
На многумина уште во основно или средно училиште им било јасно дека за да се успее во нешто, треба да се вложи поголем труд. Повеќе вежби, повеќе домашни работи. Поради ова, можеби нашите детства не биле толку слободни како што мислиме.
Сега треба да заборавиме дека повеќето активности и поголемиот труд значат успех. Треба да научиме дека е во ред да имаме периоди кога не правиме ништо за да напредуваме во кариерата. Учењето е исто важно како и одморот и закрепнувањето. Идејата за постојана активност е карактеристика на западната мисла која секојдневно се засилува преку училишните системи.
Автор: Ерик Северингос
Извор:
inc.com