Во деновите од викендот Македонија ќе биде под влијание на антициклонска циркулација која што ќе услови претежно сончево време, но поради ладната воздушна маса се очекува и постудено време, особено во текот на ноќта и раните утрински часови.
Денес (сабота) утринските температури ќе се движат од -6 до 3 степени, а максималните од 3 до 11 степени, додека пак утре (недела) утринските од -8 до 1 степен, а дневните од 5 до 13 степени.
На почетокот на наредната недела не` очекува умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно. Услови за врнежи од дожд ќе има и во вторник во цела Македонија и дневни температури од 6 до 14 степени.
Weather4ll.com.mk