Денес е четврток, 21 септември 2017 година, 264-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:14, а ќе зајде во 18:37 часот. Денот ќе трае 12
часа и 23 минути.
Денес денот го започнуваме со посвежо утро со утрински температури кои
што се во опаѓање. Од сателитската слика во 6 часот се гледа дека во
југозападните, западните и северозападните предели имаме зголемена
облачност, а во останатите предели односно во источната половина
претежно сончево време.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во денес по свежото утро со утрински
температури кои што се во опаѓање и се движат во интервал од 5 до 13
степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви
периоди, ветровито и свежо време со осетен пад и на максималните
дневните температури, но во попладневните часови во северозападните,
западните и југозападните предели нестабилно време со врнежи од дожд. Во
текот на денот ќе дува доумерен засилен западен и северозападен ветер.
Максималните дневни температури денес ќе достигнат до 11 односно до 25
степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе преовладува умерено облачно време со
повремени сончеви периоди, попладне услови за локални врнежи од дожд. Ќе
дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени,
а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок свежо утро со утрински температури од 5 до
13 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со сончеви
периоди, ветровитро и свежо време со дневни температури кои што ќе се
движат во интервал од 12 до 25 степени. Во сабота и недела невообичаено
свежо утро со за овој период од годината со утрински температури кои што
ќе се движат во интервал од 1 до 10, односно од 2 до 11 степени, а во
текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална
облачност и пораст на дневните температури кои што ќе се движат во
интервал од 14 до 27 односно од 15 до 28 степени. Во понеделник потопло
утро со минимални температури од 5 до 14 степени, а во текот на денот ќе
биде претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни
температури која што ќе бидат во пораст и ќе достигнат од 16 до 29
степени.