Во Македонија во утринските часови постојат услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло, со осетен пораст на максималните температури. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени. УВ индексот 8.
Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и благ пад на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 18 до 27 степени. Во среда умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови во северните, источните и југоисточните предели со услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури од 15 до 24 степени. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на температурите, во четврток максималните ќе се движат од 18 до 27 степени, а во петок од 20 до 29 степени.
Weather4all.com.mk