X
 06.02.2016 Економија

Најсиромашните економии во светот според "Bloomberg"

Венецуела, Аргентина и Јужноафриканска република се наоѓаат на врвот на листата од „најсиромашни економии во светот“ според нов извештај од „Bloomberg“. На листата се наоѓаат 63 светски економии (меѓу кои не се наоѓа Македонија) рангирани според невработеноста и инфлацијата во секоја.


На врвот се наоѓа Венецуела, четирипати посиромашна од втората на листата. Таа има неверојатна стапка на инфлација од 98,3% и 6,8% невработеност, според извештајот. Голема улога во ова игра проблемот со цените на нафтата со кој се соочува земјата. Нафтата сочинува 95% од извозот на земјата, а оваа индустрија изнесува 25% од бруто домашниот производ.

Аргентина и Јужноафриканска република, кои се на второто и третото место, имаат проблеми со долгови и зголемена невработеност, соодветно.

На четвртото и петтото место се наоѓаат Грција и Украина, соодветно. Во продолжение погледнете ја целосната листа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија