Веб-страницата за патување „Лоунли планет“ направи листа со најдобри дестинации за патување за 2022 година, а на врвот се наоѓаат далечните Кукови Острови.
Куковите Острови се наоѓаат на 3.232 километри североисточно од Нов Зеланд и 4.732 километри јужно од Хаваи. За да стигнете дотаму, треба да патувате речиси четири часа со авион од Нов Зеланд.
Фото: Кукови Острови/Pixabay
На високите места на листата се наоѓаат и Норвешка, Маврициус, Белиз и Словенија.
„Лоунли планет“ објави листа и на најдобри градови и најдобри региони за патување. За 2022 г. најдобри градови се Окленд, Тајпеј и Фрајбург. За најдобри региони се прогласени Вестфјордс во Исланд, сојузната американска држава Западна Вирџинија и Шишуангбана во Кина.
Листите се составуваат од експерти за патување.
Фото: Љубљана, Словенија/Pixabay
Најдобри земји за патување за 2022
1. Кукови Острови
2. Норвешка
3. Маврициус
4. Белиз
5. Словенија
6. Ангила
7. Оман
8. Непал
9. Малави
10. Египет
Фото: Окленд, Нов Зеланд/Pixabay
Најдобри градови за патување за 2022
1. Окленд, Нов Зеланд
2. Тајпеј, Тајван
3. Фрајбург, Германија
4. Атланта, САД
5. Лагос, Нигерија
6. Никозија, Кипар
7. Даблин, Ирска
8. Мерида, Мексико
9. Фиренца, Италија
10. Генџу, Јужна Кореја
Извор:
Independent