X
 22.01.2023 Култура

Во овие земји луѓето најмногу читаат книги

Финска е најписмената нација во светот, доколку се гледаат податоци од тестови. Но, во рангирањето на државите според резултати од тестови за читање Сингапур е на врвот, а по неа следуваат Јужна Кореја, Јапонија и Кина. Меѓутоа, во кои држави луѓето најмногу читаат книги?

Истражување спроведено во 2005 година дава одговор на ова прашање. Според резултатите, жителите на Индија читаат најмногу. Индијците читаат просечно 10 часа и 42 минути неделно по лице.

Следува Тајланд со просечни 9 часа и 24 минути неделно, а потоа е Кина со 8 часа.



Според друга анализа на „Еуростат“ од 2011, најмногу книги во Европа читаат жителите на Луксембург. Следуваат Германија, Австрија, Финска и Естонија.


Фото: Eurostat

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура