X
 07.02.2016 Образование

Задолжителни работи кои треба да ги направите со децата

Среќните спомени од детството остануваат со нас во текот на целиот живот. Првата снегулка, првиот меур, мирисот на божиќната елка - сите овие се моменти на откривање. „Bright side“ нуди листа активности кои ќе ги направат детствата на вашите најмили среќни и незаборавни.


1. Правете фигури со сенките на ѕидовите.

2. Засадете растение и гледајте како расте.

3. Пуштајте се со санка заедно.

4. Гледајте ги ѕвездите заедно.

5. Цртајте монети под лист хартија со молив.

6. Правете дупки во мраз.

7. Сечете фигури од хартија.

8. Имајте театарска претстава со кукли.

9. Скокајте на камења на вода.

10. Изградете куќарка од картони.

11. Слушајте ги птиците додека пејат.

12. Градете канали и брани на реката.

13. Изградете куќарка на дрво.

14. Истресете гранка на дрво додека детето е под неа за да паднат листовите.

15. Наоѓајте облици во облаците.

16. Правете снежни ангели.

17. Хранете ги птиците.

18. Направете и закопајте временска капсула.

19. Изградете тврдина од мебел.

20. Летајте змеј.

21. Изградете замок од песок.

22. Повторете збор повеќепати додека не се претвори во некој друг.

23. Закопајте богатство во сад со житарици.

24. Правете обетки од цреши.

25. Дувнете глуварче.

26. Гответе заедно.

27. Играјте жмурка.

28. Поправете скршен предмет или скршена играчка.

29. Правете меури од пена.

30. Пуштете балон да лета на небото.

31. Гледајте го светот преку стакло во боја.

32. Цртајте на замаглени огледала.

33. Започнете ја вечерата со десерт.

34. Облечете го детето во ваши алишта.

35. Скокнете во куп листови во текот на есента.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование