Најголем дел од децата се свесни за коронавирусот зашто им се промени начинот на живот, не одат во градинка или во училиште, а некомуницирањето со врсници најтешко им паѓа. Ова го покажа анкетата што ја направивме со родители од различни делови од државата и различни занимања. Променетиот начин на живот го објаснувале соодветно на тоа како што верувале дека ќе разберат децата. Некои цртале, други раскажувале, трети заплашувале со полиција...