X
 08.02.2016 Уметност

Хендикепот не го спречува да црта реалистични цртежи


Неговото име е Мариуц Кедиерски и тој е 23-годишен уметник од Полска. Најчесто, Мариуц прави реалистични портрети. Во неговата уметност би рекле дека нема ништо посебно уникатно - освен тоа што тој нема раце.

„За мене, хендикепот не значи дека не можам да имам одличен живот. Тоа не значи дека треба да заборавам на моите сништа. Уметноста е мојот начин на живот 7 години. Оттогаш имам нацртано над 700 цртежи за кои ми беа потребни 15.000 часа“, пишува тој за „Bored panda“.

Мариуц цртал на улиците на Берлин, Амстердам, Лондон, Париз, Барселона, Марсеј, Венеција, Рим и Атина. На овој начин, тој сака да ги инспирира луѓето и да им покаже дека сите граници се во нивните раце.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност