Фото: Jago.art
Џаго Џакопо Кардиљо е неверојатен самоук скулптор од Италија кој преобразува мермер и камен во сложени реалистични парчиња, освојувајќи илјадници луѓе со својот талент.
Уште како дете Џакопо бил фасциниран од еден од најголемите уметници во светот - Микеланџело. Тој сонувал да стане негов современ еквивалент - може да се каже дека оди кон тоа. Неговите скулптури се екстремно детални и прецизни и тој успева да создаде
парчиња што изгледаат не само реалистични, туку и лесни.