X
 21.08.2020 Култура

Се организира концерт за 12.000 луѓе: Европа се буди и ова се државите подготвени за големи настани

Дoдека во некои земји концертите, претставите, ноќните клубови и кината и понатаму се забранети, низ Европа повторно почна организирањето на манифестации со капацитети што во некои случаи преминуваат и 10.000 луѓе.

Така, во Диселдорф, Германија, во септември ќе биде одржан настан со 12.000 луѓе, на стадион што инаку може да собере 54.000. Ова ќе биде најголемиот концерт во Германија од март, додека во Берлин се најавени концерти на отворено за публика од 5.000 луѓе. Покрај отворањето на земјата за настани, Германија како поддршка за својот музички и креативен сектор, кој беше најтешко погоден од пандемијата, намени пакет од 50 милијарди евра.

По големата кампања „Лет д мјузик плеј“, во која учествуваа некои од најголемите светски ѕвезди и бендови како Ед Ширан, Пол Макартни, „Ролинг стоунс“ и „Колдплеј“, и Велика Британија пред еден месец дозволи настани на отворено и обезбеди пакет мерки за помош на музичката индустрија од над 1,5 милијарда фунти.

Франција на 11 јули ги отвори стадионите со ограничен број на посетители на 5.000, а истата граница со почитување на здравствените протоколи се однесува и на претставите, казината и слично, додека отворањето на ноќните клубови е најавено за септември. Ова ќе биде проследено со посебен пакет економски мерки наменети за секторите култура и манифестации со над 300 милиони евра.

И Италија, Грција, Бугарија, Унгарија, Австрија, Чешка, Белгија, како и повеќето други европски и светски земји, полека но сигурно ги отвораат своите концертни сали и кина, со посебни економски пакети за нивна поддршка.

Извор: Noizz.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура