Без разлика дали сте сами или во двојка, најдобро е да се стуткате под ќебе со добар филм или
серија. На Pickbox има романтични мигови во изобилство. Според тоа каков лик си, сигурно ќе
се најдеш во една од овие сериски љубови и парови кои којзнае како го нашле патот еден до
друг:
Родни и Касандра / Сплетки
Сите некогаш ја наоѓаат својата подобра половина, а ако тоа му успеало и на вечно несмасниот
Родни од „Сплетки“ со неговото заведување кое е рамно на љубовно самоубиство, тогаш може
секому да му успее. Единственото на што треба да се внимава е во близина да не се најде
братот кој сака да ве посрамоти, затоа што тогаш сѐ пропаѓа.
Жан-Лик и докторката Крашер / Ѕвездени патеки
Двојката која успеа да ја реализира својата врска дури во алтернативната иднина, капетанот
Пикард и докторката Крашер се бакнуваат во сегашноста, во последната епизода од „Ѕвездени
патеки“. Но тоа време, како и алтернативната иднина, уништени се кога Пикард го менува
минатото... Сѐ е релативно, затоа ништо не е невозможно!
Ал и Пеги Банди / Брачни води
Ако среќно се заљубиш еден ден, само сети се дека Пеги и Ал Банди порано биле заљубени.
Пред да впловат во мизерното пристаниште наречено „брак“,се гледале милно, сексот им бил
добар, оделе на пијачки и вечери. Останатото е историја. Ал седи на каучот со далечинското в
раце и мрчи, а Пеги со цигара во уста се вртка низ кујната и подготвува јадења кои не се баш за
јадење. Расположете се со гледање на најлошиот пар во историјата!
Френ Фајн и г. Шефилд / Дадилка
Романсата помеѓу дадилката и нејзиниот богат шеф е ода за сите залудно заљубени кои
трпеливо го чекаат својот миг. Трпеливоста се исплатува! Ако ништо друго, барем за оние што
имаат долг јазик и се подготвени, баш како и дадилката Фајн, да ја предизвикаат својата среќа.
Биди како дадилката Фајн. Предизвикај ја својата среќа!
Одри и специјалниот агент Дејл Купер / Твин Пикс
Ќе замижиме пред фактот дека средношколката Одри е премлада за агентот Дејл, но
вистинската љубов не признава години и не ги почитува општествените конвенции. Ако има
хемија и добри вибрации, само напред (но само кога тој/таа ќе стане полнолетна!)
Шерлок и Моли / Шерлок
Љубовта помеѓу Шерлок и Моли можеби е платонска, но понекогаш токму таквата љубов ни
дава сила. Општествено прилагодени социопати, ценете ги оние што ви се поддршка во сѐ!
Бичер и Келер / Оз
Кога си долго во затвор како Бичер, не е чудно одеднаш да се најдеш заљубен во Келер и да го
бакнеш во затворската пералница. Во таквите ситуации не е најлоша работа што си „геј“ лик во
затвор, туку што твоето момче најверојатно по некое време ќе ти ги скрши рацете и нозете.