Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во изминатите шест години, од кога датираат почетоците на развојот на студентскиот информативен систем (познат како електронски индекс), посветено и перманентно работи на подобрување на услугите и сервисите кои ваквиот интегриран и централизиран систем им ги нуди на крајните корисници (студенти, наставнички, соработнички и административен кадар) во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на бизнис процесите во рамките на Универзитетот.
Еден од повеќето сервиси кои се имплементирани во рамките на електронскиот индекс е сервисот за електронска комерција, кој посебно и значително се издвојува, а преку него студентите имаат можност своите финансиски обврски кон Универзитетот да ги реализираат на едноставен и брз начин.
Прочитајте повеќе на UGD life