Во рамките на четвртата научно-практична конференција за магистранти од меѓународен карактер со наслов Етномузикологија: историја, теорија и практика, која се одржуваше на Kонзерваториумот Николај Римски – Косраков во Ст. Петерсбург, Русија, во категоријата за ,,Народна кореографија – традиција и современост,, студентот Стојанче Костов ја освои првата награда ЛАУРЕАТ ОД ПРВ СТЕПЕН за рефератот со наслов ,,Влијанието на школата на Игор Александрович Мојсеев во македонските фолклорни ансамбли,,.
Како единствен претставник од Македонија тој го претставуваше одделот за етнокореологија при Музичката Академија на Универзитетот Гоце Делчев од Штип. На оваа конференција учествуваа 40 излагачи од 10 престижни универзитети од Русија меѓу кои Државниот Универзитет во Москва и Конзерваториумот Николај Римски-Корсаков од Ст. Петерзбург, како и од Белорускиот Државен Универзитет во Минск, кои ги презентираа своите научно-истражувачки реферати од областа на етномузикологијата и етнокореологијата.
Освен учеството на студентот Стојанче Костов, на оваа конференција во Ст. Петерсбург, со проф д-р Родна Величковска учествуваваа и на шестиот Илински фестивал во организација на Конзерваториумиот Николај Римски - Корсаков и сојузот на композитори во Ст. Петерсбург. Проф д-р Родна Величковска одржа и мастер класа со наслов ,,Обредната пеачка традиција од етничкиот предел Пијанец,, а руските и белоруските студенти имаа можност да научат неколку ороводни и обредни песни од овој регион на работилницата за народно пеење, која студентот и проф. д-р Родна Величковска заедно ја реализираа.