X
 24.02.2016 Технологија

Како да ги добиете новите реакции на Фејсбук доколку ги немате?

Новите реакции на „Фејсбук“ се тука. Тоа значи дека отсега ќе може да реагирате и одговорите на статус со Love, Haha, Wow, Sad и Angry, покрај познатото Like. Доколку не ги гледате реакциите на вашиот „Фејсбук“, тука сме да помогнеме.


На компјутер

На комјутерската верзија од социјалната мрежа, само поминете со глувчето над копчето Like и новите реакции ќе се појават над него. Откако ќе ги искористите новите реакции, секоја објава ќе ги покажува реакциите кои најмногу биле искористени на таа објава. На една објава може да се искористи само една реакција.


На телефон

Во апликацијата на социјалната мрежа треба да ја затворите апликацијата целосно и повторно да ја отворите пред да се појават реакциите. Откако ќе го притиснете копчето Like, ќе се појави порака која ќе ве насочи да го држите копчето за да се појават другите реакции.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија