X
 22.08.2024 Забава

Дали Били Ајлиш го копирала Оливер Драгојевиќ?

Не е невообичаено некои песни да нѐ потсетуваат други, а една корисничка на „Тик-ток“ ги забележала тактовите познати на Хрватите токму во песната “Birds of a Feather“, голем хит на американската музичарка Били Ајлиш.

Песната веќе две недели е на врвот на светските топ-листи на „Билборд“, а гледачите на затворањето на Олимписките игри во Париз можеа да ја слушнат на самата церемонија.

Новата песна на Били Ајлиш звучи како стариот хит на Оливер

Не е реткост популарен американски музичар да создаде светски хит. Сепак, една корисничка на социјалните мрежи забележала дека песната наликува на песна објавена од Оливер Драгојевиќ во 1994 година, како дел од неговиот албум „Нека нова свитања“.

 

Имено, станува збор за песната „У љубав вјере немам“, а корисничката на „Тик-ток“ со големо чудење ја открила својата опсервација, што поттикнало реакции на многу корисници кои се согласиле дека слушнале одредена сличност.

 

Слушнете ги двете песни – што мислите вие?

Извор: tportal.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава