X
 19.09.2016 Здравје

Работи кои треба да ги знаете за аутизмот

1. 21.7 милиони луѓе во светот имаат аутизам

2. 1 до 42 момчиња и 1 од 189 девојчиња имаат дијагноза аутизам во САД

3. Момчињата пет пати повеќе имаат аутизам од девојчињата

4. Лекарот кој тврдел дека заради вакцините се појавува аутизмот, внел лажни податоци во својот извештај и потоа ја изгубил лиценцата

5. Над 20 проценти од  жителите во Америка се`уште веруваат дека вакцините предизвикуваат аутизам

6. Според  некои теории, лицата кои имаат аутизам се затвараат во себе бидејќи  искусуваат и чувствуваат многу повеќе од останатите

7. Луѓето кои имаат аутизам ретко се прозеваат

 

 

 

8. Нема разлика во анатомијата на мозокот кај лицата со и лицата без аутизам

9. Недостатокот на витамин Д за време на бременоста е можна причина за појава на аутизам, според истражувањата

10. Во повеќе од 250 кина во Велика  Британија , обезбедена е проекција за лицата со аутизам, каде што јачината на звукот е помала, осветлувањето е намалено, а дозволено е да се донесе храна и пијалок

11. Според студија од 2008, можно е од 3 до 25 проценти од лицата со аутизам да се излечат, иако генерално се верува дека аутизмот ќе биде присутен целиот живот

12. Истражувањата покажуваат дека  часовите по глума се добри за децата со аутизам за да ги подобрат своите социјални вештини
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје