X
 30.01.2017 Живот

Телесната висина одредува некои факти за вас

Во едно неодамнешно истражување се анализирале животите на 500 мажи родени помеѓу 1866-1915 околу Сардинија.

Целта на истражувањето било да се докаже дека телесната висина може да одреди животни факти за човекот и се докажало дека мажите што се пониски од 162 сантиметри живеат 2 години подолго од повисоките.

Друго истражување покажало дека и пониските жени живеат подолго, а жените од Јапонија се пример за ова.

Високите луѓе се интелигентни, но и побогати

Голем број на истражувања покажале дека високите луѓе се поинтелигентни. Истражување од 2006 спроведено на Универзитетот „Принстон“ покажало дека повисоките деца подобро ги решаваат когнитивните тестови.

Висината се смета и за одлика на атрактивноста, а едно истражување во Сиднеј во кое учествувале 20.000 луѓе покажало дека повисоките се и побогати.

Ниските жени се помалку амбициозни за градење на кариера и се повеќе фокусирани на семејството. Според заклучоците на некои истражувања повисоките имаат помалку деца и првото дете го раѓаат покасно, а ова е поради тоа што имаат повеќе тестостерон, според некои шпекулации.

Висината и семејството


Високите мажи се женат порано и често бираат жени во слични години и образование, но се склони и кон развод. Високите се поинтелигентни, заработуваат повеќе, но и сметаат дека пониските мажи се попривлечни за долги врски и бракови.

Пониските мажи се женат подоцна од повисоките. Често бираат млади и помалку едуцирани жени, но и заработуваат повеќе. Зошто? Недостатокот на висина го компензираат со тоа што покажуваат надмоќ во заработување, а помалку се вклучени во домашните обврски. Тие имаат постабилни бракови од високите мажи.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот