X
 27.02.2016 Образование

Што може да научиме од германските градинки?

Играњето во шума може да биде поважно отколку читањето и пишувањето.


Германија веројатно го има еден од најдобрите образовни системи во светот. Германците се грижат за учениците уште од градинка. Додека ние се грижиме за телевизиски серии кои може или не може да ги гледаат децата, германските деца кампуваат под ѕвездите во рамки на програма за развивање независност и социјални вештини.

Овие екскурзии наречени kitafahrten се организираат еднаш годишно, за време на кои малите ученици од градинка спијат во шатори во шума, играат со алат потребен за преживување и се заштитуваат додека наставниците ги надгледуваат. Децата учат како да испечат храна на оган, да најдат изгубено другарче и да се грижат за себеси.

Сето тоа е инспирирано од Фридрих Фребел, човекот кој го дал терминот „градинка“ односно „kindergarten“. „Детската градина“, како што ја замислил Фребел, била наменета за децата да бидат слободни во природата, кадешто ќе може да учат од секојдневните искуства наместо од книгите.

До денес, многу германски деца учат да пишуваат и читаат до 6 години, по што се пуштаат во природа.



Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование