X
 23.09.2021 Живот

Градинките во Битола преполни - место чекаат над 700 деца

Повикај го сервисот баба и дедо, а по можност вклучи ја и прабабата, доколку е жива, вака неколкумина родители од Битола се шегуваат на алтернативите што ги наоѓаат за да ги згрижат децата додека се на работа, во услови кога градинките се исполнети до последно место. Над 700 деца се на листата на чекање за згрижување во државните детски градинки во Битола. Тоа се 37 проценти од вкупниот број дечиња на претшколска возраст чии родители пријавиле дека имаат потреба од градинка. Згрижени се 1.217 деца во 15 градинки во Битола, со што се исполнети капацитетите, а протоколите за заштита од ковид-19 не дозволуваат групите да се зголемат.

Баби, дедовци, прабаби... на готовс

- Мојот син го чува баба му од сабајле до 13 часот, потоа мојот сопруг излегува порано од работа од семејната фирма. Немаме пари да плаќаме жена да го чува дома зашто за таква услуга наплаќаат над 6.000 денари. Во приватна градинка цените се од 7.000 до 9.900 денари, па најсоодветно е во државна каде што месечната цена е 1.490 денари, а добиваат 4 оброци на ден. Но, нема место. И голем дел од игротеките се затворија, а и не се решение зашто ги чуваат до 12 часот - вели Марија Митревска, мајка на четиригодишно дете од Битола.

Прочитајте повеќе на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот