Овие денови во српските основни и средни училишта, на мала врата се воведува „сексуално образование“. Станува збор за допис од Министерството за образование во кое директорите на образовните установи во содржините на одредени предмети се задолжени да воведат единица „Сексуално насилство“.
Фото извор: detinjarije.com
Во Министерството постои група за заштита од насилства и дискриминација која нуди пакети за воведување на овие теми во наставната програма. Програмата е адаптирана да одговара на секој ученик од 3 до 18 години.
Во пакетот за градинка во делот наменет за возраст од 3 до 5 години, има илустрации од голи момче и девојче, а задачата на децата е да одбележат каде сакаат да ги допираат, а каде не. Понатаму пишува дека децата имаат право да кажат кој има право да ги допира по „приватните делови“, дека телото им припаѓа нив и дека треба да бараат другите тоа да го почитуваат.
Слободан Антониќ пишува дека овој вид на вокабулар само ги буни децата на оваа рана возраст, особено зборот „допирање“ кој се користи исклучиво во сексуална смисла. Дополнително, родителите на овие деца се задолжени за чистење на нивните тела, а тие учат дека нивното тело им припаѓа само ним.
Антониќ вели дека единствен начин да се избегне конфузијата е да им се каже на детето што точно значат тие зборови. Но дали е можно тоа да се објасни на тригодишници?
Во Србија децата ги учат дека ако било кој член од поширокото семејство дојде на гости и почне да ги бакнува тие имаат право да се тргнат и да кажат дека тоа не скакаат да им се прави. Понатаму, во програмата за Природа и општество за трето одделение наставникот има за задача да им ги објасни на децата добрите и лошите страни на традицијата.
Во пакетот за основно и средно училиште децата може да учат за тоа како се изведува францускиот бакнеж, како да остварат сексуален однос и да доживеат задоволство, што конкретно се прави кај оралниот секс и што е тоа анален секс. Во истиот пакет отворено се пропагира хомосексуалноста.
Можеби е време со децата да се проговори за многу теми кои до сега се сметале за табу, но оваа програма дефинитивно е премногу несоодветна за возраста на
децата. Во Србија веќе има реакции за истата.