X
 04.02.2017 Култура

Љубовната афера на Ајнштајн со „Лина“ - неговата сакана виолина

ајнштајн

Овој човек ја разви теоријата на релативноста и најпознатата равенка некогаш напишана, E=mc2. Помогна и во поставување на основата за модерната квантна теорија. Освоил Нобелова награда и станал синоним за зборот „генијалец“.

Меѓутоа неговата сопруга, Елса Ајнштајн, рекла дека се заљубила во нејзиниот згоден братучед Алберт поради сосема друга причина: бидејќи тој прекрасно го свирел Моцарт на виолина.

Музиката била многу повеќе од хоби за Ајнштајн; таа била центарот на се` што тој правел и мислел.

„Музиката му помага кога тој размислува за неговите теории“, изјавила Елса, која станала негова втора сопруга во 1919 година. „Тој оди во студиото, се враќа, свири неколку акорди на пијано и се враќа во студиото“.

Големиот физичар и сам еднаш изјавил дека ако не би бил научник, би станал музичар.

„Животот без свирење музика за мене е нешто незамисливо. Јас ги живеам моите мечтаења во музиката. Го гледам мојот живот во маргините на музиката. Најголемата радост ја добивам од музиката“.

Љубовна афера за која било потребно време за навистина да започне да сјае. Ајнштајн имал шест години кога неговата мајка Полин, одличен пијанист, му закажала часови по виолина. Меѓутоа инструментот беше прилично тежок за Ајнштајн, се` додека тој не ги пронајде виолинските сонати од Моцарт на 13 годишна возраст. Од тој момент, за Ајнштајн, музиката стана трајна страст.

Како што велат експертите, музиката на Бах и Моцарт ја имаат истата јасност, едноставност и архитектонско совршенство кое Ајнштајн секогаш го барал во своите теории.

Во тоа време, Ајнштајн постојано ја носел музиката со него. Ретко одел некаде без неговата виолина, која нагалено ја нарекол „Лина“.

2

Бидејќи не постојат снимки од Ајнштајн и неговата виолина, постои дебата за тоа колку бил добар. Една фотографија прикажува дека Ајнштајн ја држи виолината прилично лош - грешки од кои наставниците по виолина не би ги простиле. Исто така, Ајнштајн бил познат по тоа што не останувал во синхронизацијата. Сепак, доказите велат дека Елса не била сентиментална за квалитетот на неговото свирење. На 16 годишна возраст Ајнштајн правел тест по музичко во неговото училиште, а оценувачот напишал дека „студентот Ајнштајн блескаше во длабоко чувствителната изведба на адаџо од една од сонатите на Бетовен“.

Многу подоцна, негов пријател напишал дека „постојат многу музичари со многу подобра техника, но ниту еден, верувам, не свирел со толкава искреност или длабоко чувство“.

Ајнштајн продолжил да свири речиси до самиот крај. Кога на крајот повеќе не можел да ја движи левата рака, тој ја оставил Лина. Но, никогаш не ја изгубил страста за музиката. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура