Фото: Reuters
Новиот закон за забрана на пушењето во Чешка од 31 мај ги „избрка“ пушачите од сите затворени простории, со закана за казни од 200 евра ако запалат цигара во ресторан или бар - освен еден, последен заштитен пушач во Чешка - претседателот Милош Земан.
На Земан дури и армијата му дала исклучок и дозвола да пуши во владините авиони.
„Оваа забрана не се однесува на претседателот на републиката кој истовремено е и врховен командант на вооружените сили“, објаснува портпаролот на чешката армија Јан Шулц.
Министерот за одбрана Мартин Стропњицки одби да коментира со што претседателот ја заслужил оваа привилегија.
Претседателската канцеларија во 2014 година на еден британски хотел морала да му плати 1.990 фунти за чистење и отстранување на чадот од цигарите од хотелските соби каде што чешкиот претседател пушел иако хотелот бил непушачки.
Истата година, на социјалните мрежи се појави слика од претседателот Земан како пуши во воз полн со луѓе иако во возовите и јавниот превоз е забрането пушењето уште од 2006 година.
Чешката железница морала да се правда затоа што
претседателот е, единствен заштитен пушач, па морала да му излезе во пресрет.