X
 29.02.2016 Наука

Најдоброто објаснување за гравитационите бранови

На 11 февруари научниците го објавија историското откритие за гравитационите бранови кое уште пред 100 години го предвидел големиот Алберт Ајнштајн.

 

branovi


Иако веста за плодната работа на вредните експерти од лабораторијата „LIGO“ (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) го заобиколи светот, голем дел од луѓето се`уште не знаат за каков вид на револуционерно откритие станува збор за кое сигурно е резервирана Нобеловата награда.

За да се разјаснат сомнежите, американскиот водител, комичар и новинар, Стивен Колбер, во својата емисија го поканил Брајан Грин, американски теоретски физичар и професор на Универзитетот Колумбија.

После објаснувањата за вселената и презентациите за експериментите кои конечно биле докажани, Грин ги објаснил и причините зошто наскоро ќе бидеме во можност подобро да го истражуваме огромното пространство на вселената.

„Светлината може да се блокира, но не и гравитацијата. Тоа значи дека таа може да дојде до места во вселената до која светлината не може. Со користење на гравитационите бранови ќе бидеме во можност уште подобро да го истражуваме начинот на кој се создаваат црните дупки и како се случила Големата експлозија“, изјави Грин.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука