X
 01.03.2016 Живот

Дали е можно немирните деца всушност да се мали генијалци?

Здружението за психолошки науки вели дека постои врска помеѓу пркосењето  и кршењето на правилата во адолесценцијата и високите приходи подоцна во животот. Дали е можно немирните деца всушност да се мали генијалци?

 

деца


Да го земеме на пример Бил Гејтс- кога имал 11 години започнал да создава проблеми. Како што неговиот интелектуален капацитет растел, така започнала неговата аргументација за се`. Одбивал да прави работи кои неговата мајка ги барала од него, како што се чистење на собата или одење на вечера. Бил во вистинска војна со неговите родители. Неговото однесување може да не делува како нешто посебно бидејќи скоро сите сме поминале низ истата фаза на бунтовништво, а не сме станале мултимилионери.

Ако се вратиме во 1968 година, околу 3.000 ученици во основно училиште од Луксембург го правеле тестот по интелигенција и одговарале за нивните чувства во врска со училиштето. Нивните наставници исто така пополнувале прашалник за однесувањето на нивните ученици. Подоцна истражувачите ги оценувале и семејствата на учениците.

Подоцна, во 2008 година истражувачите имале податоци за тоа која карактеристика во детството би можела да го предвиде успехот во кариерата и нивната заработувачка. Можеле да дојдат во допир со 745 ученици кои тогаш имале 52 години.  Психолозите биле изненадени со резултатите. Имено, освен стандардните карактеристики - IQ, социјално-економскиот статус на родителите и постигнатото образование, она што исто така ја предвидувало заработувачката било кршењето на правилата и пркосењето кон авторитетите.

Во овој момент, не е јасно зошто кршењето на правила се покажало како позитивни карактеристики. Истражувачите велат дека можно е овие луѓе да се склони кон заземање на сопствен став, што може да доведи до подобра финансиска ситуација.

„Ако 90% од нив на бизнис состанок гласаат за еден од предлозите, тие ќе го отфрлат. Причината е многу едноставна. Ако сите присутни гледаат можност во некоја идеја, тогаш големи се шансите и другите компании да започнат да работат на истата идеја, со што нема да можеме да си го расчистеме патот во оваа област“, Џек Ма.

Во меѓувреме, другите истражувања покажуваат слични резултати. Едно истражување покажало дека сите оние кои се согласуваат со се`, заработуваат помалку пари отколку оние кои често покажуваат дека не се согласуваат со нешто. И Стив Џобс и Ингвар Кампард (директор на ИКЕА) често не се сложувале со повеќето, што доведувало до преземање на ризиците но и отфрлање на она што мислеле дека не одговара со нивниот интерес.

Секако, ова истражување не треба да ве охрабрува вас и вашите деца да бегаат од училиште или да предизвикаат вистинска војна дома. Но ако забележите дека децата се немирни, ако имаат тенденција да преиспитаат одредени правила, да се спротиставуваат и да се залагаат за себе, тогаш тоа не се лоши карактеристики. Можеби токму овие карактеристики треба да се негуваат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот