Кога станува збор за децата, најважно е како ги воспитувате во текот на нивното детство, за подоцна да бидете горди на нивното однесување. Како што вели поговорката: „Што ќе посееш, тоа (обично) го жнееш“, истото се однесува и за децата.
Затоа, психолозите од Харвард имаат неколку совети за вас, за тоа како да бидете подобри родители, а со тоа и вашите деца подобри луѓе.
1. Поминувајте време со вашите деца - Ова е основата на се`. Треба редовно да поминувате време со вашите деца, да се интересирате за нивните хобија и за нивните проблеми, и најважно, да слушате што тие имаат да кажат. Не само што ќе научите многу за нив и нивниот уникатен карактер, туку и вашите акции ќе им покажат пример како треба да се грижат за другите.
2. Секогаш кажувајте им колку ви значат - Според истражувањата спроведени од психолозите, многу деца не знаат дека се најважната личност во светот на нивните родители. Тие треба да ги слушнат токму овие зборови. Не заборавајте да им ги повторувате колку што можете почесто за тие да се чувствуваат безбедно, сакано и вредно.
3. Покажете им како да ги решаваат проблемите, а не да бегаат од нив - На пример, ако вашето дете одлучи дека сака да се откаже од тренирање фудбал, прашајте ги зошто сакаат да се откажат и потенцирајте им ги должностите кои ги имаат кон нивните соиграчи. Ако тие се` уште сакаат да се откажат, помогнете им да пронајдат нешто ново кое ќе ги поттикне нивните страсти.
4. Оставете ги да ви помогнат во текот на денот, и покажете благодарност за тоа - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се навикнати на изразување благодарност имаат поголеми шанси да се сочувствуваат со другите, да бидат дарежливи и да сакаат да помагаат. Затоа, вреди вашите деца да започнат да развиваат секојдневни активности со кои ќе ви помогнат во вашиот дом, и за кои вие ќе можете да им заблагодарите. Психолозите предлагаат наградување на децата за вистинската љубезност и напор кој го даваат за да ви помогнат.
5. Помогнете им да се справат со негативните емоции - Психолозите веруваат дека способноста да се грижат за другите е потисната од негативни емоции како лутина, омраза, срам и завист. Со тоа што ќе им помогнете да ги сфати овие чувства, тоа ќе ги натера да ги реши своите внатрешни конфликти. Себе-анализата ќе им го отвори правилниот пат за да станат сочувствителни индивидуи кои се грижат за другите.
6. Покажете им дека светот е доста поголем, покомплициран и поинтересен отколку што можат да си замислат - Според
истражувањата спроведени од психолозите, скоро сите деца се заинтересирани само за малиот свет составен од нивното семејство и пријатели. Важно е тие да научат да се интересираат за луѓе и настани надвор од ограничениот круг, кој може да е поразличен од она што го знаат во социјални, културни и географски рамки. Можете да им помогнете во ова со тоа што ќе им кажете дека треба да се добар соговорник кој ќе ја слуша другата страна и ќе може да се стави во нечии чевли и да чувствува емпатија.