„Улици каде што децата имаат предност“ – ова е новиот проект на градот Виена.
фото извор: Project Play
На Виенските улици за игра се повикуваат сите – родители, деца, баби и дедовци, а целата програма ја смислиле и ја водат професионални педагози кои децата ќе ги анимираат да се вклучат во различни игри, почнувајќи од игра со топка, жонглирања, прескокнување на јаже, па се до креативни работилници.
Ќе бидат организирани полигони, каде што децата со помош на волонтери ќе можат без страв да учат да возат велосипеди.
“Улица за игра“ е начин на кој јавниот простор на граѓаните ќе им понуди нови можности за релаксација и активности.
Виена е еден од градовите кој брзо се развива, па од градските власти сметаат дека постојано треба да се смислуваат нови начини за користење на јавниот простор. На тој начин се подобрува
квалитетот на живот во градот, а во центарот е и улицата како место за состаноци и дружење.