X
 20.04.2024 Живот

Дали сте амбиверт? Дознајте го тоа преку следните 8 тврдења

Амбиверт е личност која е комбинација од интроверт и екстроверт. Бидејќи ги имаат карактеристиките на двете групи, амбивертите воспоставуваат совршена рамнотежа во општеството.

Нашата личност го одредува начинот на кој комуницираме со светот и како реагираме на него, а може да се карактеризира на многу начини. Една од најчестите поделби поврзани со личноста е на интроверти, екстроверти и амбиверти.

Екстровертите се луѓе кои добиваат енергија од дружењето и комуникацијата со луѓето, додека интровертите се луѓе кои најмногу сакаат да бидат сами или кратко време да се дружат со многу мали групи луѓе.

Меѓутоа, во „златната средина“ меѓу екстровертите и интровертите се амбивертите кои ги имаат карактеристиките на двете групи.

Карактеристики на амбиверт

Имајќи предвид дека амбивертот се наоѓа помеѓу интровертот и екстровертот, неговите карактеристики се комбинација од интровертност и екстровертност. Токму затоа амбивертите се сметаат за одлични слушатели и комуникатори.

За разлика од екстровертите кои зборуваат многу, а малку слушаат, и интровертите кои набљудуваат и слушаат многу, а зборуваат малку, тие наоѓаат рамнотежа и знаат кога да слушаат и кога да комуницираат. Амбивертите се емпатични и знаат како да функционираат во речиси секоја ситуација бидејќи имаат одлична способност да ги анализираат луѓето и нивното однесување и можат да се приспособат на околностите.

Ова е причината што тие се многу вредни членови на секоја група во која се наоѓаат, бидејќи воспоставуваат рамнотежа помеѓу екстровертите, кои зборуваат многу и разговараат со секого, и интровертите, на кои ќе им го олеснат учеството во разговорот.

Како да дознаете дали сте амбиверт?

Ако не сте сигурни на која група ѝ припаѓате и дали можеби сте амбиверт, размислете кои од следните изјави важат за вас. Ако сметате дека повеќето од изјавите се вистинити за вас, тогаш сте амбиверт.

1. Сакам да се дружам и да бидам со луѓе, но брзо ми треба сопствен мир.

2. Интересно ми е кога сум во центарот на вниманието, но не ми се допаѓа да трае предолго.

3. Не ми е важно дали одредени задачи ги извршувам во група или сам.

4. Ми се допаѓа сопственото слободно време, но ако го има премногу, ми станува досадно.

5. Кога станува збор за доверба во другите, понекогаш сум скептичен, а понекогаш веднаш создавам доверба.

7. Ако поминувам премногу време сам, ми е досадно, но ако сум предолго со луѓе, тоа ме исцрпува.

8. Некои луѓе мислат дека сум премногу повлечен, додека други мислат дека сум премногу друштвен.

Идеални занимања за амбиверт


Идеалното занимање за амбиверт е она во кое постои рамнотежа помеѓу соработката со луѓето и самостојната работа, бидејќи во таква средина може да ја задоволи и својата екстровертна и својата интровертната страна. Затоа, најдобрите занимања за амбиверт би биле:

- продажба

- проект-менаџер

– продуцент на радио, телевизија, филм и слично

- дизајнер на ентериер

- учител.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот