Овогодинешното доделување на Оскарите ќе го помниме по многу работи. Леонардо Ди Каприо го освои првиот Оскар, а Оскарот за најдобар филм му припадна на филмот „Spotlight“.
Некои ќе го помнат по тоа што за прв пат во историјата на Оскарите се случува Оскарот за најдобар режисер две години по ред да оди во рацете на ист човек, а други пак се сеќаваат само на облеката на актерите и актерките.
Во продолжение ви нудиме листа на најдобрите изјави за време на Оскарите, со надеж дека уште по нешто ќе ги запомните овогодинешните Оскари.
1. Крис Рок
„Во прилогот „In memoriam“ ќе се појават само бели луѓе кои пукале во полицајците кога влегоа во кино“.
2. Вупи Голдберг за филмот „Joy“
„Црнкињата би требало да измисли лек против ракот пред да и` дадат улога дури и во телевизиски филм“.
3. Сара Силверман за песната „The writing's on the wall“
„Песната е од „Spectra“, последниот Бонд филм кој не сум го гледала“.
4. Адам МекКеј
„Немојте да гласате за милјардерите чудаци“.
5. Крис Рок
„Бојкотирањето на Оскарите од страна на Џада беше исто како да одбијам да се вовлечам во гаќите на Ријана. Не добив ниту покана“.
6. Тина Феј
„Буквално започнав да аплаудирам кога ја видов Шарлиз Терон. Толку е прекрасна“.
7. Џени Бивен
„Фустаните не ми се по вкус, а уште помалку високите потпетици. Што се однесува до мене, јас навистина сум дотерана“.
8. Саша Барон Коен за филмот „Room“
„Погледнете го филмот за собата полна со белци“.
9. Крис Рок
„Приказната на филмот Роки се случува во свет во кој белите спортисти се исто толку добри колку црните спортисти. Роки е научно фантастичен филм“.
10. „C-3PO“ за Оскарот
„Па, претпоставувам дека е згоден“.
11. Луј Си Кеј, додека ја претставуваше категоријата за најдобар документарен филм
„Се` што победниците во оваа категорија имаат, е овој Оскар, а дома ќе се возат со Honda Civic“.
12. Алехандро Инаритѕ
„Време е бојата на кожата да стане ирелевантна колку должината на косата“.
13. Крис Рок
„Од сите филмови за лезбејки кои ги видов оваа година, „Carol“ е некаде на трето место“.
14. Асиф Кападиа
„Прашањето за расната различност поставувајте им го на белците, е на само нас кои сме црни. Поставувајте им го на сите“.
15. Леонардо Ди Каприо
„Климатските промени се реални и се случуваат во овој момент. Тоа е најголемата опасност која и` се заканува на нашиот вид“.
16. Претседателката на Академијата Шерил Бун Исак за расната дискриминација
„Не е доволно само да молчите и одобрувате, во врска со ова прашање мораме да преземеме нешто“.
17. Крис Рок
„Холивуд расист? Проклето сте во право ако го мислите ова. Но тоа не е вид на расизам на кој сте навикнале. Холовуд е расист како некое братство. Нешто во стилот: „Те сакаме Ронда, но не си Капа“. Таков е Холивуд“.