Вчера беа објавени 15 добитници на Пулицеровата награда во 15 новинарски и седум категории на книга, драма и музика.
Ова се добитниците на Пулицеровата награда за 2020 година:
Новинарство
Известување за ударни вести
Персоналот на
„Куриер-џурнал“ - Поради брзото покривање на стотици помилувања во последен момент од гувернерот на Кентаки, покажувајќи како процесот беше обележан со расни разлики и кршење на законските норми.
Истражувачко новинарство
Брајан М.Розентал од „Њујорк тајмс“
- За откривањето на случувањата во такси-индустријата во Њујорк, што покажа како позајмувачите профитирале од предаторски заеми што им го уништиле животот на возачите од ранлива категорија. Истражување што на крај довело до државни и федерални истраги и реформи.
Појаснувачко известување
Персоналот од
„Вашингтон пост“
- За пионерската серија што со научна јасност ги покажа сериозните ефекти на екстремните температури на планетата.
Локално известување
Персоналот на
„Балтимор сан“
- За влијателното известување за профитабилната, неоткриена финансиска врска помеѓу градоначалникот на градот и системот на јавни болници што таа помогна да се надгледува.
Национално известување
Т. Кристијан Милер, Меган Роуз и Роберт Фатуречи од
„ПроПублика“
- За нивната истрага за 7. флота на Америка по серија смртоносни поморски несреќи во Пацификот.
Доминик Гејтс, Стив Милетич, Мајк Бејкер и Луис Камб од „Сиетл тајмс“
- За пионерските приказни што ги изложија недостатоците во дизајнот на „боинг 737 Макс“, што доведе до две смртоносни авионски несреќи и го откри неуспешниот надзор на владата.
Фото: Pulitzer.org
Меѓународно известување
Персоналот на
„Њујорк тајмс“
- За приказните што го изложија режимот на Владимир Путин.
Фотографии од ударни вести
Фотографите од „Ројтерс“
- За фотографиите од Хонг Конг додека граѓаните протестираа против кршењето на нивните граѓански слободи и ја бранеа автономијата на регионот од кинеската влада.
Писма, драма и музика
Драма
„Strange Loop“, Мајкл Р. Џексон
- Мјузикл што го следи креативниот процес на уметникот, трансформирајќи ги прашањата за идентитетот, расата и сексуалноста што некогаш го турнале до маргините на културниот мејнстрим во медитација за универзалните човечки стравови и несигурности.
Биографија
„Sontag: Her Life and Work“, Бенџамин Мосер
- Авторитативно дело што ги прикажува генијалноста и хуманоста на писателката заедно со нејзината зависност и непостојан ентузијазам.
Поезија
„The Tradition“, Џерико Браун
Музика
„The Central Park Five“, Ентони Дејвис
- Храбро оперско дело што ја претвора современата неправда во нешто емпатично и надежно.
Пулицеровата награда се смета за највисокото признание во областа на новинарството, литературата и музиката, а ја доделува Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.
Наградите се доделуваат секоја година и се распоредени во 21 категорија. Победниците добиваат парична награда, додека победникот во категоријата за новинарство добива златен медал.
Наградата ја воспоставил унгарско-американскиот новинар и издавач Џозеф Пулицер.
За другите добитници на Пулицеровата награда можете да прочитате
ТУКА.