X
 02.03.2016 Култура

Казнена мерка против мамење на тестови

Стотици млади мажи во сојузната држава Бихар во Индија биле принудени да се соблечат по долна облека за време на тест за примање во армијата за да се спречи мамење. Фотографиите покажуваат дека кандидатите навистина ја носат само својата долна облека.


Армијата изјавила дека потегот бил направен за да се „заштеди време на проверување на големиот број кандидати“. Еден кандидат изјавил дека тоа не било достоинствено. Властите изјавиле дека 1.159 кандидати учествувале на приемниот тест за индиската армија кој траел 1 час.

Како што влегувавме, од нас побараа да ги соблечеме сите алишта освен долната облека. Немавме друга опција освен да ги послушаме наредбите иако беше чудно. Просторот меѓу кандидатите беше околу осум стапки во секоја насока - изјавил кандидат.

Медиумите ги цитираат властите кои дека барањето за соблекување од страна на кандидатите бил административен пропуст.

Бихар и многу други делови од северна Индија се познати по мамењето за време на тестови. Во јануари, државата најавила построги мерки како казни и затвор за да се намали мамењето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура