X
 26.07.2019 Живот

Во Индија падна метеорит колку фудбалска топка

Објект за кој се верува дека е метеорит со големина на фудбалска топка падна во оризово поле во источниот дел на Индија и ги вознемири локалните земјоделци, соопштија денеска локалните власти.

Очевидци велат дека избегале од нивата кога објектот паднал во подрачјето на нивното село, после што почнал да излегува чад.

– Земјоделците работеле во поле во моментот кога оваа тешка карпа паднала од небото со многу силна бучава - изјави Ширсат Капил Ашок, окружен судија во државата Бихар.

Селаните се вратиле кога се расчистил чадот и ја извлекле карпата од кратер кој бил длабок 1,5 метри.

– Утврдивме дека има многу силно магнетно дејство, дека светка и тежи околу 15 килограми - рече Ашок.

Објектот ќе го анализираат научници за да утврдат дали се работи за метеорит. Метеорите се честички прашина или карпи кои обично согоруваат кога поминуваат низ Земјината атмосфера, а оние кои ќе паднат на површината се нарекуваат метеорити.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот