Ајфонот 7 на „Apple“ се очекува да биде потенок од моменталниот модел и да доаѓа во три различни големини. Доколку гласините се точни, уредот ќе биде најтенок кој го произвела компанијата, односно ќе биде дебел 6 милиметри.
Новиот ајфон ќе биде пуштен во продажба во септември и ќе доаѓа во три верзии: 4,7-инчен, 5,5-инчен и нов модел базиран на поголемиот кој се нарекува „iPhone 7 Pro“. На интернет кружи и видео во кое се покажува верзија со екран кој се простира и по страните на уредот. Меѓутоа, изворот на видеото е неофицијален.
Меѓу другото, се зборува и за уред отпорен на вода, безжично полнење, двојна камера, втор звучник за стерео звук и подобра батерија. Квалитетот на камерата на најголемата верзија на новиот ајфон се очекува да биде подобрена, а ќе биде сменет и дизајнот на леќата.
Постојат шпекулации и дека поради потенкиот дизајн ќе биде отстранет отворот за слушалки, со што корисниците би морале да користат безжична технологија за да слушаат музика.
Нова технологија ќе дозволи и индивидуални делови од уредот да бидат зашитени од електромагнетни бранови, со што телефонот ќе има подобра мрежа. Истата технологија била искористена од страна на компанијата во нивниот часовник.