X
 29.01.2024 Живот

Компанија нуди 10.000 долари за 30-дневна дигитална детоксикација

Компанијата за јогурт „Сигис дајари“ е во потрага по кандидат кој ќе заработи 10.000 долари доколку се одлучи да направи дитигална детоксикација, односно еден месец ќе живее без паметен телефон и социјални мрежи.

За да бидат земени предвид за натпреварот, кандидатите ќе треба да напишат есеј од 100-500 збора во кој ќе пишуваат зошто ја сакаат таа дигитална детоксикација и позитивното влијание што таа би го имала врз нивниот живот.

Ако сметате дека ќе бидете убедливи во есејот и дека ќе бидете посветени на детоксикацијата, ова е еден од најлесните начини да заработите пари во моментот. Значи, ако мислите дека можете да издржите цел месец без вашиот телефон, ОВДЕ можете да аплицирате и да откриете нешто повеќе за натпреварот.

- Воведуваме нов вид „сув јануари“ оваа година. Наместо да се воздржувате од алкохол еден месец, ве предизвикуваме да го фрлите вашиот паметен телефон - велат од компанијата.

- Затоа ве предизвикуваме да се откажете од паметниот телефон како дел од нашата програма за дигитална детоксикација - додаваат тие.

Од компанијата велат дека сами ќе ги изберат натпреварувачите, ќе им дадат кутија во која ќе го заклучат својот телефон, ќе им дадат телефон само за јавување со едномесечна припејд-картичка и јогурт.

Ќе бидат избрани 10 среќни кандидати.

За да учествувате во натпреварот, едноставно одете на веб-страницата на Сиги, прочитајте ги информациите за натпреварот и потоа кликнете на копчето „Внесете го натпреварот“ што се наоѓа на дното на страницата.

Извор: Tech.co
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот