Првиот антибактериски телефон доаѓа од Велика Британија.
Направен е од компанијата „Булит“ со седиште во Редингтон, а наречен е „Кет С42“. Но, моделите опремени со дополнителна антимикробна технологија нема да бидат достапни до почетокот на 2021 година.
Телефонот, кој ќе има антибактериски систем, ќе се бори против ширењето на бактериите благодарение на сребрените јони вградени во материјалите од кои е направен.
Иако ваквите јони не ги неутрализираат бактериите или вирусите, вклучувајќи го и коронавирусот, тие го запираат ширењето и размножувањето на патогените микроорганизми.
Производителите додаваат дека уредот е целосно водоотпорен и дека треба редовно да се мие со сапун и вода, средства за дезинфекција, па дури и белило, за да се одржува чист.
Мобилниот, изработен од стакло и не'рѓосувачки челик, не бил оштетен дури ни по пад од висина од 1,8 метар, а по тестовите на него не биле забележани траги од нечистотија.
Производителите велат дека опцијата за термичко скенирање, што ќе биде во форма на апликација, во новиот модел на мобилен телефон може да се искористи и за мерење на температура на луѓето, што е почеста практика во колективите.
Како да го одржувате вашиот телефон?
Во текот на пандемијата на коронавирус се користат мерките за миење раце и дезинфекција на предметите што ги користиме.
Професорот Питер Хол од Универзитетот во Ватерло смета дека телефоните треба да се чистат двапати на ден за да се спречи понатамошно пренесување на вирусот.
Алкохолните марамчиња се најпогодни за уништување на вируси, а исто така се препорачува употреба на крпи од микрофибер и сапун.
Извор:
Bug.hr
Фото: Twitter