X
 04.03.2016 Живот

Што би направил Трамп доколку стане претседател?

Откако освои повеќе од една третина од републиканските гласови во седум сојузни држави за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД, надежта на Доналд Трамп да биде нов жител на Белата куќа станува реалност.


Контроверзниот милијардер во последните месеци вниманието на медиумите го врти кон своите изјави дека „не треба да се пуштаат муслимани во Америка“ или дека „треба да се изгради ѕид меѓу САД и Мексико“. Многумина сметаат дека е слабо известен и дека ќе биде срам за американскиот народ доколку биде нов претседател на САД. Се плашат дури и останатите членови на неговата партија. Но, што ако бизнисменот навистина го наследи Барак Обама?

„Ројтерс“ состави листа на работи кои ји најавил Трамп дека ќе ги направи откако ќе стане американски претседател.

Ќе го врати мачењето

Иако техниките за мачење се забранети во САД, милијардерот најавил дека ќе ги нарави легални при испитувањето и дека техниката на давење ќе биде ништо за новите средства за мачење.

Сигурна зона за Сиријците

Трамп има намера да изгради „сигурна зона“ за сириските бегалци, но претходно ќе се пресмета со ИСИС.

Фармацевтските компании со помал буџет

Бизнисменот тврди дека може да ѝ заштеди 300 милијарди долари на американската влада со подобро преговарање со фармацевтските компании.


Намален данок

Данокот ќе го намали на 15% од сегашните 35%.

Тарифа за производство надвор од САД

За сите американски фирми кои ќе одлучат да отворат производствена компанија надвор од САД, за да не плаќаат данок или да заштедат, ќе се воведе посебна тарифа за секој производ кој ќе го продаваат на американскиот пазар.

Помалку пари за образование

„Го сакам нашето слабо образование бидејќи по природа сме паметни и верни“, изјавил Трамп. Со намалувањата на буџетот за образованието, но и за заштита на животната околина, тој сака да го намали американскиот дефицит кој изнесува 19 милијарди долари.

Депортација

Трамп најавил дека ќе го сопре правото на државјанство со раѓање на децата на нелегалните имигранти кои се родени таму. Најавил и депортација на 11 милиони непријавени лица.

Кинезите да размислат

Доколку стане нов американски претседател, Трамп најавил зголемување на воениот буџет за веќе никому да не падне на ум да ги предизвикува САД. Има намера и да го зголеми американското присуство во околина на Кина. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот