Продуцентот на „Симпсонови“, Ал Џин, го привлече вниманието на корисниците на интернет откако посочи дека анимираната серија предвидела уште еден светски настан. Станува збор за повторното кандидирање на Доналд Трамп за претседател на САД.
Во епизода од 2015 година наречена „Барт во иднината“ (Bart to the future) може да се забележи знак на кој пишува „Трамп 2024“.
Трамп неделава најави дека планира да се кандидира за претседателските избори во САД во 2024 година.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)