X
 03.02.2017 Политика

Што велат психијатрите за Доналд Трамп?

Хилари Клинтон во нејзините изјави за нејзиниот опонент даваше коментари дека нема соодветен темперамент да биде претседател. Сепак, тој ја зеде титулата и можеби заради тоа психолозите почнаа да анализираат какви дијагнози би му поставиле.

доналд трамп

До неодамна тие не биле во можност да зборуваат за ова во јавност, но според некои излагања Трамп „има сериозно ментално заболување и е според темпераментот, неспособен да биде претседател.“

Психологот Џон Гартнер вели дека тој има малиген нарцизам, што е мешавина од нарцизам, антисоцијално нарушување на личноста, агресија и садизам. Зошто токму оваа болест? Нарцизмот ја намалува неговата способност да ја види реалноста, а три милиони жени маршираат, а тоа него не го интересира.

Американското здружение на психијатри има 9 точки според кои му ја одредува оваа дијагноза, а тој покажува најмалку 5 од нив. Преку бројните интервјуа и објави на социјалните мрежи, изгледа дека тој верува во фактите што го фалат – сѐ друго е ‘лажна вест’, и според психолозите, оваа патолошка неповрзаност со реалноста е опасна.

Даниел Смит, професор и психијатар на универзитетот во Глазгов вели за Independent дека треба да се направи разлика меѓу нарушување на личноста и ментална болест, иако ситуацијата станува загрижувачка.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика