X
 06.03.2016 Култура

Палатата која наликува на ѓердан

Палатата Меи-Линг се наоѓа на врвот на рид во градот Нанџин. Таа порано ила дом на поранешниот кинески претседател Чиан Каи-шек и неговата сопруга пред да заминат во Тајван во 1949 година на крајот на кинеската граѓанска војна. 



Со децении, зградата била чувана во државна сопственост и била затворена за јавноста до 2014 година, кога вилата била реновирана и вратите биле отворени и за јавноста. Она што ја прави вилата интересна за јавноста е нејзиниот изглед од птичја перспектива. Имено, таа наликува на огромен ѓердан.

Според гласините, куќата била изградена како роденденски подарок од поранешниот претседател за неговата сопруга, а дизајнот бил симбол за љубовта меѓу парот. Меѓутоа, директорот на канцеларијата за културно наследство вели дека изгледот кој наликува на ѓердан е сосема случаен. Впрочем, ѓерданот е пат со дрва кој води до вилата, којашто наликува на скапоцен камен.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура