Дојде најубавиот дел од годината, кога божиќните ентузијасти излегуваат на лизгалиштата и пазарите подготвени за празнична забава.
Далечните дестинации како Њујорк, со својата новогодишна елка во Центарот „Рокфелер“, ќе бидат одлична глетка за многумина, или семејствата може да се упатат во Лапонија, каде што децата ќе можат да го посетат домот на Дедо Мраз.
Но, кога станува збор за најживописното божиќно место на светот, оваа година се наоѓа во Европа.
Во едно неодамнешно истражување е утврдено дека првото место го зазема британскиот главен град Лондон.
Истражувањето на веб-страницата „Травелбег“ ги анализираше хаштазите на „Инстаграм“ за 100 најдобро оценети градови.
Со повеќе од 270.000 хаштази, Лондон беше победник, а Њујорк се најде на второ место со 255.000 хаштази. Париз е на третото место, додека оние што бараат малку потивок Божиќ со задоволство ќе слушнат дека Дубаи се најде на четвртото место. На петто место е Чикаго, местото каде што е снимен омилениот божиќен филм на многумина - „Сам дома“.
Иако Лондон ретко има бел Божиќ, со оглед на тоа што последниот пат Лондон виде снег за Божиќ 1999 година, тој очигледно сепак може да биде прилично совршен за време на празниците. Главниот град е дом и на некои идилични лизгалишта, од кои најпознатото е во дворот на Сомерсет Хаус, под култната новогодишна елка.
Зимскиот пазар Саутбенк е одличен избор за оние што сакаат да ги разгледаат тезгите за занаетчиство во сенката на Лондонското око со пиво во едната рака и германски колбас во другата.
Ова се топ-10 најживописни божиќни дестинации во светот:
Лондон
Њујорк
Париз
Дубаи
Чикаго
Виена
Мајами
Лос Анџелес
Мелбурн
Сиднеј