X
 20.10.2015 Култура

Средновековна кула среде модерниот центар на Франкфурт

Среде центарот на Франкфурт се наоѓаат модерни згради и облакодери, а меѓу нив има и една средновековна кула од 15-от век наречена „Eschenheimer Turm“.


Некогаш, кулата била дел од огромна ограда која имала 60 кули и ѕидови кои го заштитувале градот. Повеќето од нив биле уништени од 1806 до 1812 година, а оваа, заедно со уште две кули, биле зачувани на барање на француски амбасадор.







Денес, кулата претставува една од најинтересните споменици во Франкфурт. Приземјето на 47-метарската кула претставува бар и ресторан.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура