X
 10.03.2016 Наука

Како изгледаше затемнувањето на сонцето од авион?

Милиони луѓе на Земјава ја имаа можноста да го гледаат затемнувањето на сонцето неделава, поточно во вторникот. Но, само малкумина имаа можност да го гледаат настанот од небото.


Два комерцијални летови од Индонезија и Алјаска биле на патот на целосно затемнување на сонцето. Среќните патници имале можност да ја видат совршената поставеност на сонцето, Земјата и месечината од авион.

„Алјаска ерлајнс“ намерно задоцниле со полетувањето на летот за патниците да добијат најдобар поглед.

Доколку го пропуштивте ова затемнување, не грижете се. Годинава ќе имате можност да видите уште едно, и тоа на 1 септември.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука