На 12.03.2016 (Сабота) во Филозофскиот Факултет, по повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми март, првото македонско здружение на студенти по психологија „ПСИХЕСКО“ организира еднодневен едукативен настан исполнет со предавања на кои ќе зборуваат професори, претставници од невладини организации и успешни бизнис жени.
Ние, студентите, втора година по ред одлучуваме да ја подигнеме свесноста за важните општествени прашања кои ја засегаат секоја жена. И секој маж. Низ низа предавања и активностиактивности сакаме да покажеме како родовите улоги го диктираат патот на стереотипизацијата и стигматизацијата. Обоени во виолетов ентузијазам, на 12ти март ставаме фокус на жената и предизвииците со кои таа секојдневно се соочува.
Зошто виолетова боја?
· Виолетовата е симбол на праведност и достоинство
·Таа е бојата на симболите и родова рамноправност (комбинација на црвената боја-асоцијација на жена и сината – асоцијација на мажот)
Повеќе информации
ТУКА