Во најтешките моменти во животот, луѓето најчесто бараат совет од блиските луѓе, меѓутоа има и такви кои се насочуваат кон психологијата. Психологот и професорот Сузан Краус Витбурн, од Универзитетот во Масачусетс, ги објаснува најдобрите психолошки совети.
1. Можете да дознаете многу за луѓето набљудувајќи го нивното однесување
Најважните информации кои ви требаат за да сфатите еден човек е да го забележите начинот на кој тие се однесуваат. Луѓето трошат пари на работи кои им се важни, вложуваат во проекти за кои сметаат дека се важни за нивниот живот и го истражуваат својот карактер на начинот на кој одат и зборуваат. Вистина е дека луѓето често ги кријат своите вистински мотиви или се наоѓаат во ситуации во кои се присилени различно да реагираат, бидејќи немаат контрола над нив. Сепак, кога луѓето имаат целосна слобода и можат да се однесуваат како сакаат, можете многу да заклучите за нивната личност, вредности и интереси.
Фото: Freepik
2. Блиските врски се важни за општата благосостојба
Иако голем број луѓе се стремат кон целосна независност, за кои се спремни да направат бројни жртви, истражувањата покажуваат дека способноста на соживување со другите е многу важно за надминување на предизвиците на животот. Можеби ова е причината зошто толку луѓе прашуваат за совет за нивните врски и односи со другите луѓе. Кога најблиската врска не функционира како што треба, луѓето стануваат оптеретени и мизерни, но ако имаат партнер на кој можат да се потпрат, имаат чувство дека можат да го преживеат секој, па и најтешкиот предизвик.
3. Внатрешното чувство може да влијае врз надворешното однесување
Луѓето може да реагираат импулсивно, а врз нив може да влијаат и конфликтите за кои не се свесни дека ги имаат. Не морате да бидете психоаналитичар за да ја сфатите основата на одбранбениот механизам или да препознаете дека постојат ситуации во кои болните проблеми, може да предизвикаат непријатно и „невротично“ однесување.
4. Позитивниот став е одличен мотиватор
Луѓето се подготвени да работат напорно за да ги реализираат своите цели. Наградата, а не казната, го мотивира нивното постигнување. Однесувањето може да се формира така што од напред се знаат последиците од одредени активности. Ова значи дека во животот користите позитивен став, дур и ако не сте свесни. Позитивниот став е составен дел од животот и оној кој одлично функционира.
5. Внимавајте на ситуациите кои влијаат врз однесувањето
Сетете се на кој начин ги гледате пешаците кога возите автомобил или велосипед. Веројатно ве нервира што морате да застанете, за тие да ја преминат улицата и тоа баш во момент кога поминувате вие. Од друга страна, кога вие сте во улога на пешак, ве нервира што возачите не застануваат, па дури и свират ако вие ја преминувате улицата. Оној момент кога ќе ги сфатите поврзувањата со овие и други ситуации, ќе станете емпатични и поотворени кон другите луѓе.
6. Интелигенцијата е многу повеќе од бројот на прочитани книги
Интелигенцијата е многу комплексен концепт и се состои од одредени ментални способности. Не се состои само од бројот на прочитани книги или академски достигнувања, туку и од различни искуства. Не треба да заборавиме на емоционалната интелигенција, и капацитетот да се оценат луѓето врз основа на нивното однесување. Интелигенцијата е многу повеќе од едноставно истакнување на нивото на образование на една личност.