X
 02.11.2023 Живот

Колку често лажат луѓето во текот на денот?

Многумина ќе се согласат дека секој човек лаже, барем понекогаш. Меѓутоа, постојат различни видови лаги кои имаат различни ефекти. Додека лагите на политичарите се однесуваат на целата јавност, лагата помеѓу брачните партнери може да биде помалку опасна. Ваквите разлики биле мотив за група научници да истражуваат зошто и колку лажат луѓето.

Поголемиот дел од истражувањата за лажењето се засноваат на изјави од самите испитаници за бројот на лаги што ги кажуваат. Едно такво истражување покажало дека возрасните лажат еднаш дневно, додека студентите лажат двапати дневно.

Меѓутоа, просекот не ги опишува индивидуалците и можеби самите испитаници не биле искрени во своите изјави. 
Во  истражување од 2010 година 59,9 отсто од испитаниците тврделе дека не кажале ниту една лага во последните 24 часа. Поголемиот дел од лагите за кои се признало во ова истражување биле од 5,3 отсто од учесниците. Значи, лажењето е ретко.


Фото: Freepik

Истражувањата покажуваат и дека кога луѓето лажат, начинот на кој лажат не игра голема улога, па поголемиот дел од луѓето што признаваат дека лажат го прават тоа и преку пораки.

Во друго истражување спроведено на 205 учесници било заклучено дека луѓето кажуваат во просек 1 лага дневно. Кога станува збор за лажењето користејќи технологија, лажењето е почесто во видеоразговор отколку лице в лице, а најмалку се лаже преку електронска пошта.

Во поглед на лицата што ги лажеме, многумина мислат дека најмногу лаги им кажуваме на најблиските, но тоа не е точно. Секојдневните безопасни лаги најчесто се насочени кон непознати лица или подалечни пријатели, велат истражувачите. Ова се менува кога станува збор за сериозна лага. Така, над половина од сериозните лаги најчесто им ги кажуваме на најблиските.

Врз основа на сиве овие истражувања, експертите заклучуваат дека лажењето генерално е ретко, но има мала група на луѓе што почесто лажат.

Извор: Scientific American
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот