Српскиот психотерапевт Владимир Ѓуриќ воодушеви многу луѓе со неговиот статус, кој опфаќа сè што му е потребно на човекот за да биде навистина среќен. Неговиот статус има илјадници лајкови и споделувања и стотици
коментари.
Ви го пренесуваме во целост.
„Доколку имате среќа... ќе научете дека секогаш треба да имате кондом по епизода на некомплицирана гонореја... а не по хепатит Ц или несакана бременост...
Доколку имате среќа... ќе научите дека моторот не треба да го возите по кршење на бутната коска... а не на 'рбетот...
Доколку имате среќа...ќе научите дека жената треба да ја изберете поради паметот... а не поради убавината... уште пред бракот...
Доколку имате среќа... ќе научите дека мажот треба да го изберете поради силата... која нема никаква врска со физичката... уште пред разводот...
Доколку имате среќа... нема да се венчате пред да престане заљубеноста... и не дознаете со кого навистина си имате работа...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека не треба да се запишете на оној факултет на кој не се запишале вашите родители, туку на оној на кој вие сакате... уште првата година... а не по првата хоспитализација...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека не можете да знаете сè... и да бидете најпаметни... и дека е најевтино скапо да платите адвокат... автомеханичар... архитект... или мајстор...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека ставањето себеси на првото место е основен приоритет... conditio sine qua non... и изразот на доброто ментално здравје... пред системот и општеството и луѓето кои од тоа имаат корист да научат дека тоа е безобразност...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека не треба да работите за никој друг... освен за себе... пред да ве заменат...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека парите носат среќа... само до три илјади евра месечно... и дека потоа се само обична хартија... и пред да го остварите тоа... и ја продадете душата на ѓаволот...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека родителите не ги тормозат и не им досадуваат само на оние деца што веќе ги нема... додека сè уште имате свои...
Доколку имате среќа... ќе сфатите колкава привилегија е да станете во недела наутро здрав... пред да почнат болките и маките...
Доколку имате среќа... ќе сфатите колку е важно да се забавувате и глупирате... кога е време... пред да почне она досадно интермецо меѓу младоста и деменцијата...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека животот го прават оние мали ритуали со луѓето што ги сакате... додека сè уште ги имате...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека само искуството е важно... додека сè уште можете да го стекнете...
Доколку имате среќа... ќе добиете жолт картон во вид на инфаркт кој може да се стентува... или рани на грлото на матката, која рутински се решава со краткотрајна интервенција... и ќе го промените својот однос кон здравјето... и превенцијата... а не веднаш црвен...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека сите фундаментални желби што ги имате секогаш можат да се остварат на некој креативен начин... пред да се заразите со лелекање што не се оствариле баш онака како што сте замислиле... и ќе посвоите... или ќе бидете хранител... или ќе си родите сами... или ќе позајмите матка од Украина... или ќе бидете супер вујко... или тетка цар... или ќе волонтирате во Звечанска... или во Нурдор...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека дрогирањето е за почетници... пред да станете ветеран во пропаѓањето...
Доколку имате среќа... нема да имате почетничка среќа во рулет... и ќе сфатите дека бесплатно сирење нема никаде... освен во стапица за глувци...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека овој свет е конципиран така што некоја непријатност морате да ја трпите... и ќе изберете краткорочна... ќе учите... вредно ќе работите... ќе се трудите... ќе вежбате... ќе јадете здраво... ќе бидете чесни... заради долгорочен хедонизам...
Доколку имате среќа... ќе читате добри книги... ќе ја ширите душата во театар... ќе слушате поткасти на интернет... и ќе пиете вино со мудреци... или барем со луѓе со кои смеењето е убедливо најдоброто хоби на светот... наместо да ви биде досадно...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека несреќите се составен дел од животот... и ќе учите од нив... за да станете искусни и мудри... за подоцна да се усреќите... и да знаете да ги цените малите среќи...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека постои само еден живот... и дека никој нема да дојде да ве спаси... од вашата судбина... која сами ја создавате со своите одлуки... и навики...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека само вие сте одговорни за вашата среќа... пред да најдете совршено алиби зошто не ви оди... и почнете да верувате дека постои проклетство ... ... -ќа (пишете сами)...
Доколку имате среќа... ќе сфатите дека секој е ковач на својата среќа...
Со среќа!
Стискам палци!
И...
Само напред!“